The SoulSea | Викторија Бачварова психолог психотерапевт, блог за анксиозност, психотерапија и личен раст

Анксиозност – тивкиот сопатник на секојдневието

Што е анксиозноста? Според американскиот психолог, Дејвид Барлоу, анксиозноста може да се дефинира како: „Идно-ориентирана состојба на расположение во која индивидуата не е спремна или нема доволно капацитети да се справи со перципираните престојни негативни исходи од истата“.

Анксиозност се јавува тогаш кога нашиот организам перципира дека ги нема потребните капацитети за да се справи со ситуацијата.

Според Светската здравствена организација и последното големо истражување кое е спроведено во периодот на 2019 година, се покажува дека анксиозноста е една од најчестите ментални растројства, и афектираат околу 300 милиони луѓе во светот. 

Понатаму, истражувањата велат дека анксиозноста повеќе се јавува кај жените, а најчеста возраст на појавување е во периодот на детството и адолесценцијата. Во едно истражување спроведено од нашиот Државен завод за статистика (во периодот од 2018-2019 година), а поддржано од УНИЦЕФ, се покажува дека скоро 10% од децата на возраст од 5 до 17 години искусуваат симптоми на анксиозност.

Која е функцијата на анксиозноста и кога таа станува проблематична

Анксиозноста е ментална и физичка состојба во која постои очекување за некаков негативен исход. Анксиозноста иако е непријатна, нужно не е лоша. Анксиозноста има многу јасна функција, а тоа е да го прилагоди нашиот организам да се спреми за опасност односно непријатна ситуација. Всушност, суштината на анксиозноста е да го зголеми нашето внимание и да не стимулира да ги направиме потребните промени за да го постигнеме тоа што сакаме.

Еден едноставен пример за тоа би била следнава ситуација: испитот за којшто се спремаме да го полагаме, не прави вознемирени бидејќи имаме за цел да го положиме и би требало да се чувствуваме вознемирени и дополнително мотивирани за да го постигнеме истото и да го положиме.

Формата на анксиозност која влијае на изведувањето на нашите секојдневни активности или не преплавува е таа која веќе не ја врши својата примарна функција соодветно.

Жена на психотерапија на првата средба со очекувања

Разликата помеѓу анксиозноста и стравот

Анксиозноста се разликува од стравот на тој начин што тој е директно поврзан со ситуацијата во која постои вистински перципирана опасност во моментот. Анксиозноста од друга страна е состојба или емоција која се поврзува со исчекување на некаков иден негативен исход, а се доживува во сегашниот момент.

Постојат различни типови на анксиозност и може да се класифицираат според симптомите кои се искусуваат. Во овој и следните постови ќе зборувам за анксиозноста која се јавува како природна реакција на нашиот организам, и за онаа која може да се развие во генерализирано анксиозно растројство, во случајот кога е изразена во подолг временски период.

Најчести симптоми на анксиозноста

Сите симптоми може да се класифицираат во три области: телесни, бихејвиорални и когнитивни. Некои од најглавните симптоми се следните:

  • Генерално чувство на вознемиреност.
  • Лесно доведување до чувство на изнемоштеност.
  • Потешкотии во концентрацијата.
  • Генерална иритација и немир.
  • Мускулна тензија.
  • Проблеми со спиењето, пример: вознемирнео спиење и/или често будење.
The SoulSea | Викторија Бачварова Психолог Психотерапевт, блог за анксиозност, психотерапија и личен раст

Што ја предизвикува анксиозноста

Вообичаено, анксиозноста се поврзува со чувството на неизвесност. Кога постои неизвесност всушност постои неодреденост и таквата состојба допринесува до многу когнитивни дисторзии за исходот или за ситуацијата во која се наоѓаме.

Нашиот мозок не умее добро да се справи со ситуации кои носат неизвесност, па затоа тоа што го прави е проценка на тоа што би можело да се случи врз основа на искуството што го има. Оттука, многу од ситуациите кои го дефинираат нашето искуство со неизвесноста е многу веројатно да влијаат во било која таква слична и идна ситуација.

Јас сум тука, и те чекам заедно да го кокреираме твојот безбеден простор за бидување, исцелување и растење.

Магичниот круг на анскиозноста

Избегнувањето на анксиозноста вообичаено ја зголемува анксиозноста и тоа се опишува со феноменот на магичниот круг на анксиозноста.
За да разбереме подетално како се интензивира анксиозноста и како истата се појавува секогаш во одредени ситуации, важно е да разбереме како функционира нашиот нервен систем. Tоа може да се објасни на следниот начин.

1. Во одредена ситуација нашиот мозок почнува да врши проценка и се поставуваат прашањата: Што се случува?
2. Согласно нашето искуство почнуваат да се појавуваат одредени мисли, верувања и тие може да бидат од типот на: Нешто лошо ќе се случи.
3. Како резултат на тоа се појавуваат одредени емоции и тоа може да биде во облик на вознемиреност, палпитации, немир, забрзано дишење.
4. Следно доаѓа однесувањето кое всушност е клучно за тоа како ние би пристапувале кон следната слична ситуација. Имено ако го продолжиме текот на примерите, однесувањето може да биде во форма на: избегнување, смрзнување, бегање.
5. Исход: по ова следи исходот којшто всушност вели дека: Ништо лошо не се случи.
6. Порака до нервниот систем: и ова е критична точка каде всушност нашиот мозок ја поврзува ситуацијата со исходот на начин што вели: Начинот на којшто сега изреагирав ми помогна да преживеам, да се спасам. Следен пат ако реагирам исто во однесувањето повторно ќе ја одбегнам нелагодноста односно ќе го постигнам истиот исход.

 

The SoulSea | Викторија Бачварова Психолог Психотерапевт, блог за анксиозност, медитација, психотерапија и личен раст

Како се работи со анксиозноста

Пристапот е холистички и вклучува работа со тело, ум, уверувања, навики. Работата со анксиозноста може и треба да се одвива на две нивоа, еден е кога всушност остануваме со анксиозноста, па така наместо да ја одбегнуваме, остануваме со емоциите што таа ги предизвикува. И ова се прави на психотерапија (: . Така, и нашиот мозок и тело всушност ќе го научат истото, дека по процесирање на емоциите всушност доаѓа опуштање. Дополнително добрата работа е во тоа што со останувањето со нашите емоции, и самите стануваме подобри во чувствувањето околу тоа како може да ја процесираме самата анксиозност.

Секако во самиот процес, идентификување на однесувањата, тригерите што ја предизвикуваат нашата анксиозност е еднакво важно како и тоа што се се поврзува со нив.

Практикувањето на техники за намалување на анксиозноста всушност има многу голем ефект. Тоа е така затоа што нашиот можок е многу еластичен и зависно начинот на којшто го користиме, така ќе се менува тој самиот и неговата реакција на стресните ситуации.

Всушност, начинот на којшто го користиме нашиот мозок влијае на неговата промена. Па така, ако користиме почесто техники за релаксација, нашиот мозок и неговата пластичност всушност го вежбаат капацитетот и учат тоа да е нивниот доминантен начин на реагирање или полесно да можат да се повикаат на оние искуства кои се поврзуваат со релаксација и со тоа телото побрзо да воспостави рамнотежа.

The SoulSea | Викторија Бачварова Психолог Психотерапевт
Explore more related posts

Follow us on Instagram to stay updated with the latest posts on similar psychological topics.