The SoulSea | Викторија Бачварова Психолог Психотерапевт, блог за главни научени верувања, психотерапија и личен раст

За главните (научени) верувања

Главните верувања се убедувања за нас, светот, за тоа како нештата се дефинираат и функционираат и го дефинираат нашиот светоглед. Тие се нормите според кои луѓето се поставуваат кон долгопоставените цели или во секојдневните релации со останатите.

Главните верувања почнуваат да се оформуваат уште во детството и претставуваат начин на којшто една индивидуа го разбира светот и го дефинира соптвеното однесување според тоа. Па согласно тоа, главните верувања се оформуваат за себе, за светот и за другите луѓе и истите може да бидат позитивни ии негативни.

 

The SoulSea | Викторија Бачварова Психолог Психотерапевт, блог за главни научени верувања, психотерапија и личен раст

Кое е влијанието и потребата од главните (научени) верувања

Влиjанието на главните верувања најмногу се одразува во секојдневните релации со себе и другите. Па така многу од начините на кои се однесуваме може да произлегуваат зависно какво е нашето главно верување.

Неколку такви уверувања може да звучат целосно спротивно кај различни луѓе и најчето се условени од животното искуство на индивидуата, пример: „Сите луѓе се добри“ или „Сите луѓе се лоши“.

Потребата за формирање на главни верувања се неопходни, но нивната цел низ животот може и треба да еволуира. Начинот, степенот до каде тие може да еволуираат ќе зависи од животното искуство и потребите на самата индивидуа.

The SoulSea | Викторија Бачварова Психолог Психотерапевт, блог за главни научени верувања, психотерапија и личен раст

Чести главни уверувања и што тие значат

🌊 За главното верување: „Не сум доволно добра“

Во ваквото негативно верување за себе си, најчесто се среќаваат следните однесувања и чувства:

  • Чувство на недоволност, без разлика колку се вложуваме.
  • Постојана потреба за докажување.
  • Чувство на тоа дека нешто постојано фали.
  • Недостиг на чувство на задоволство дека растеме, и покрај постојаното вложување.
  • Постојано работење и ангажирање, без дозвола и време за застанување.
🌊 За главното верување: „Треба да сум силна““

Во ваквото негативно верување за себе си, најчесто се среќаваат следните однесувања и чувства:

  • Непокажување емоции, особено кога се непријатни.
  • Неплачење пред најблиските.
  • Одбивност кога некој ни изразува емоции.
  • Смеење како несвесен механизам, тогаш кога ситуацијата соодвестува повеќе на тага или плачење.
  • Не барање помош и поддршка тогаш кога ни е најтешко.
🌊 За главното верување: „Можам сѐ сама“

Во ваквото негативно верување за себе си, најчесто се среќаваат следните однесувања и чувства:

  • Не барање помош и поддршка тогаш кога ни е најтешко.
  • Хипер-независност во правењето на работите и не дозволување другите да ни се доближат поблиску.
  • Потреба за постојана контрола на тоа што се случува во нашата околина.
  • Непокажување на своите емоции, особено кога се работи за тага или кога тие се непријатни.
🌊 За главното верување: „Јас сум безгрешна““

Во ваквото верување за себе си, најчесто се среќаваат следните однесувања и чувства:

  • Ако не сум безгрешна, тогаш сум целосен неуспех.
  • Катастрофизирање на исходот тогаш кога ќе се направи грешка.
  • Ревносно исполнување на очекувањата и нормите за тоа што значи безгрешно однесување.
  • Само-обвинување и само-казнување по направена грешка.
  • Намалена самодоверба и губење на почитта спрема себе, како резултат на себе-отфрлање и себе-неприфаќање поради направена грешка.
🌊 За главното верување: „Мислењето на другите е многу важно““

Во ваквото верување за себе си, најчесто се среќаваат следните однесувања и чувства:

  • Колку повеќе давам, толку повеќе ќе сум среќна.
  • Постапувам правилно, само ако и другите ми го потврдат тоа.
  • Немање граници и неможност да се каже не.
  • Согласување со туѓото мислење, тогаш и кога воопшто не се согласуваме.
  • Ако не им удоловам на другите, ќе бидам отфрлена.
The SoulSea | Викторија Бачварова Психолог Психотерапевт, блог за главни научени верувања, психотерапија и личен раст

Кратка вежба што можеш да ја направиш денес

⭐ Застани позади некое свое често непосакувано однесување и види кое уверување може да се наоѓа позади истото.

⭐ Рефлектирај, кои се некои од твоите главни верувања за релациите, кои често се пројавуваат во односот кон другите, работата, семејството?

⭐ Што е тоа за што си даваш дозвола и можност да го промениш како сопствено верување?

The SoulSea | Викторија Бачварова Психолог Психотерапевт
Explore more related posts

Follow us on Instagram to stay updated with the latest posts on similar psychological topics.