
За главните (научени) верувања
Главните верувања се убедувања за нас, светот, за тоа како нештата се дефинираат и функционираат и го дефинираат нашиот светоглед. Тие се нормите според кои луѓето се поставуваат кон долгопоставените цели или во секојдневните релации со останатите.
Главните верувања почнуваат да се оформуваат уште во детството и претставуваат начин на којшто една индивидуа го разбира светот и го дефинира соптвеното однесување според тоа. Па согласно тоа, главните верувања се оформуваат за себе, за светот и за другите луѓе и истите може да бидат позитивни ии негативни.

Кое е влијанието и потребата од главните (научени) верувања
Влиjанието на главните верувања најмногу се одразува во секојдневните релации со себе и другите. Па така многу од начините на кои се однесуваме може да произлегуваат зависно какво е нашето главно верување.
Неколку такви уверувања може да звучат целосно спротивно кај различни луѓе и најчето се условени од животното искуство на индивидуата, пример: „Сите луѓе се добри“ или „Сите луѓе се лоши“.
Потребата за формирање на главни верувања се неопходни, но нивната цел низ животот може и треба да еволуира. Начинот, степенот до каде тие може да еволуираат ќе зависи од животното искуство и потребите на самата индивидуа.

Чести главни уверувања и што тие значат
🌊 За главното верување: „Не сум доволно добра“
Во ваквото негативно верување за себе си, најчесто се среќаваат следните однесувања и чувства:
- Чувство на недоволност, без разлика колку се вложуваме.
- Постојана потреба за докажување.
- Чувство на тоа дека нешто постојано фали.
- Недостиг на чувство на задоволство дека растеме, и покрај постојаното вложување.
- Постојано работење и ангажирање, без дозвола и време за застанување.
🌊 За главното верување: „Треба да сум силна““
Во ваквото негативно верување за себе си, најчесто се среќаваат следните однесувања и чувства:
- Непокажување емоции, особено кога се непријатни.
- Неплачење пред најблиските.
- Одбивност кога некој ни изразува емоции.
- Смеење како несвесен механизам, тогаш кога ситуацијата соодвестува повеќе на тага или плачење.
- Не барање помош и поддршка тогаш кога ни е најтешко.
🌊 За главното верување: „Можам сѐ сама“
Во ваквото негативно верување за себе си, најчесто се среќаваат следните однесувања и чувства:
- Не барање помош и поддршка тогаш кога ни е најтешко.
- Хипер-независност во правењето на работите и не дозволување другите да ни се доближат поблиску.
- Потреба за постојана контрола на тоа што се случува во нашата околина.
- Непокажување на своите емоции, особено кога се работи за тага или кога тие се непријатни.
🌊 За главното верување: „Јас сум безгрешна““
Во ваквото верување за себе си, најчесто се среќаваат следните однесувања и чувства:
- Ако не сум безгрешна, тогаш сум целосен неуспех.
- Катастрофизирање на исходот тогаш кога ќе се направи грешка.
- Ревносно исполнување на очекувањата и нормите за тоа што значи безгрешно однесување.
- Само-обвинување и само-казнување по направена грешка.
- Намалена самодоверба и губење на почитта спрема себе, како резултат на себе-отфрлање и себе-неприфаќање поради направена грешка.
🌊 За главното верување: „Мислењето на другите е многу важно““
Во ваквото верување за себе си, најчесто се среќаваат следните однесувања и чувства:
- Колку повеќе давам, толку повеќе ќе сум среќна.
- Постапувам правилно, само ако и другите ми го потврдат тоа.
- Немање граници и неможност да се каже не.
- Согласување со туѓото мислење, тогаш и кога воопшто не се согласуваме.
- Ако не им удоловам на другите, ќе бидам отфрлена.

Кратка вежба што можеш да ја направиш денес
⭐ Застани позади некое свое често непосакувано однесување и види кое уверување може да се наоѓа позади истото.
⭐ Рефлектирај, кои се некои од твоите главни верувања за релациите, кои често се пројавуваат во односот кон другите, работата, семејството?
⭐ Што е тоа за што си даваш дозвола и можност да го промениш како сопствено верување?

Explore more related posts
Follow us on Instagram to stay updated with the latest posts on similar psychological topics.