The SoulSea | Викторија Бачварова Психолог Психотерапевт

Viktorija Bachvarova

За SoulSea

Добредојде во SoulSea

Моето име е Викторија Бачварова, дипломиран и лиценциран психолог и Гешталт психотерапевт под супервизија. Тука ќе најдеш простор и поддршкa да застанеш, да здивнеш, и да слушнеш што ти зборува сопственото тело и ум. Тука ќе оствариш блискост со себе, а секоја блискост е приказна за себе.

За целта

Верувам во сечиј потенцијал за раст и исцелување

За мојот пристап

Во мојот пристап користам искуствено и теоретско знаење, психотерапевтски техники и водени вежби и медитација кои ги приближуваат луѓето до сопствениот внатрешен свет. Работам нежно, со темпо што и одговара на личноста, и со внимание на тоа како умот и телото се поврзани — особено во моменти на вознемиреност, преоптовареност или кога чувствуваме дека сме го изгубиле контакт со себе.

Главни услуги

Индивидуална психотерапија, психолошко советување како и водење на групи за личен развој. Дополнително изработувам работилници, програми и пристапи за потребите на организации и поединци во областа на личен развој, добросостојба на вработените и разрешување на конфликти. Исто така нудам поддршка за бизниси кои сакаат да ја истакнат важноста на менталното здравје за своите корисници или вработени.

Области на експертиза

Моето најголемо искуство ја опфаќа работата на симптомите што се јавуваат како резултат на дисбалансот помеѓу телото и умот, а на начин што индивидуата го пронаоѓа својот автентичен ритам на растење и исцелување. Квалификации: дипломиран и лиценциран психолог, Гешталт психотерапевт под супервизија, доедукации од областа на поливагална теорија, егзистенцијална психологија, психосоматика, медитација и јога, арт терапија.

ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ

Претплати се на
нашиот
електронски билтен

Внесувајќи ја својата електронска пошта, претплати се за да ги добиваш најновите вести во врска со претстојните програми, работилници и настани.