Викторија Бачварова
Дипломиран и лиценциран психолог, Гешталт психотерапевт под супервизија, Ментор и Креатор на работилници
Во мојот пристап на работа го користам научното знаење од психологијата, човековото искуство и нежната мудрост на телото.
SoulSea е резултат на една длабока лична потреба — да се создаде тивок и безбеден простор каде што секој човек може да застане, да здивне и да се поврзе со себе. Верувам дека најважните одговори што ни требаат се веќе во нас — само потребно е да им дадеме простор да се пројават.
ЗА ЦЕЛТА
Верувам во сечиј потенцијал за раст и исцелување
Viktorija Bachvarova
МОЈОТ ПРИСТАП
Мојот пристап се заснова на длабока поддршка
Во мојот пристап користам искуствено и теоретско знаење, психотерапевтски техники и водени вежби и медитација кои ги приближуваат луѓето до сопствениот внатрешен свет. Работам нежно, со темпо што и одговара на личноста, и со внимание на тоа како умот и телото се поврзани — особено во моменти на вознемиреност, преоптовареност или кога чувствуваме дека сме го изгубиле контактот со себе.
Преку работилници, индивидуални процеси и мали ритуали на враќање кон себе, ја негувам блискоста како процес во работата. Бидејќи секоја блискост е приказна за себе.
Повеќето од моите клиентки се жени кои доаѓаат со искуства поврзани со анксиозност, панични напади, несигурност, прекумерна загриженост, тешкотии во релации, ниска самодоверба и хроничен стрес.
Без разлика дали се соочуваш со анксиозност, тага, предизвици во односите или длабоко чувство на оттуѓеност од себе — тука сум да ти бидам поддршка да го најдеме патот кон поголем внатрешен мир и исполнетост.
Те поканувам да зачекориш во едно патување на раст и откривање, кое се одвива во твое темпо. Заедно ќе истражуваме што навистина ти е важно — со грижа, присуство и посветеност во секој чекор.
Viktorija Bachvarova
Клиенти
Contrary to popular belief, Lorem Ipsum is not
Години искуство
Contrary to popular belief, Lorem Ipsum is not
Години едукација
Contrary to popular belief, Lorem Ipsum is not
повеќе за мене
Едукација, сертификати, искуство
Моето искуство како продукт дизајнер од веќе 12 години и работа како тим лидер во големи и средни компании ми има донедено уникатно искуство од областа на организациски менаџмент, организациска култура, креативни начини на решавање конфликти, кариерен пат и обликување, и држење обуки и работилници за различни намени и цели по Design Thinking методологијата.
2008 – 2012 Дипломиран психолог
2013 – Денес: Продукт дизајнер
2015 – Едукација за Роршарх тест дијагностика
2019 – Денес: Едукација по Гешталт психотерапија
2021 – Денес: Волонтер психотерапевт при ЦК Скопје
2023 – Денес: психоерапевтска пракса во SoulSea
2024 – Лиценциран психолог, Комора на Психолози на РМ
Приклучи се на работилницата

ЕДЕН ЧЕКОР ПОБЛИСКУ ДО СМИРЕНОСТ, ЈАСНОСТ И СЕБЕ.
Viktorija Bachvarova
ИСКУСТВА ОД КЛИЕНТИ
Што велат моите клиенти за нашата заедничка работа.

Контактот од Викторија ми дојде во вистинско време. Време кога размислував за сите ризици, тешкотии и компликации што ги поминав година дена претходно во мојата втора бременост. Време кога сфатив дека живеев во тага, несигурност, анксиозност, за на крај да сфатам дека сето тоа е резултат на моето трауматично искуство. Со Викторија имав онлајн сесии, затоа што живеам надвор од Македонија, но тоа воопшто не беше пречка за добра комуникација и доверба. Нејзината професионалност, смиреност, способноста да ме ислуша и разбере, беа дел од секоја сесија. Моето искуство со Викторија ми овозможи да се вратам пак на брзиот секојдневен живот, на сите работни и домашни обврски, а притоа да знам полесно да се справам со секој страв и неизвесност. Нешто што навистина ми се допаѓа во пристапот на Викторија е што добив теоретско објаснување за мојата емоционална состојба и начинот на кој реагирам, што ми помогна полесно да го прифатам фактот за мојата ситуација. Ти благодарам Викторија за твојата трпеливост, емпатија и професионалност.
Анонимна клиентка Градежна инженерка

Сум одела на терапија и порано на повеќе места, но искуството со Вики беше значително поразлично поради нејзиниот сочувствителен, приземјен и професиoнален пристап и алатките кои ги сподели со мене. Поради панични и анксиозни напади ми беше тешко да излезам од дома, и овој тип на терапија навистина ми помогна да се соочам со моите стравови и да успеам да разберам од каде потекнуваат. Чувствувам дека голем дел од мојот напредок и мојата сегашна ментална состојба се како резултат и благодарение на нашите сесии и нејзината умешност да ме ислуша, но уште позначајно, да ми помогне јас да се слушнам себе сѝ.
Анонимна клиентка Комуниколог

Кога започнав со сесиите со Викторија, чувствував силна анксиозност и постојано чувство на напнатост во телото. Преку сесиите учевме телесни вежби и разбрав од каде потекнува мојата анксиозност. Така почнав полека да чувствувам дека сум во контакт со себе и дека умеам сега како да се сталожам кога ми е најпотребно.