The SoulSea | Викторија Бачварова Психолог Психотерапевт, блог за животна цел и самодоверба, психотерапија и личен раст

За животната цел

Соновите за тоа што сме и што сакаме да бидеме треба и може да се менуват низ годините. Всушност, зрелоста кај повеќето да утврдиме што сакаме да бидеме, или што не сакаме со сигурност да бидеме, доаѓа после 30тата година. Ако ги прашаме постарите пак, рефлектирајќи наназад на своето животно искуство, најчесто споделуваат дека најпродуктивнипт дел од животот доаѓа после 40тата година.

Но, која е мојата цел, за што сум тука, дали ова што го работам е тоа што треба да го работам? Дали ме исполнува тоа што го правам и дали сум среќна со тоа што го правам во различни животни области?

Одговорите на вакви и слични прашања не се едноставни. Еден од одговорите на овие и слични прашања може да се однесува на одлуките кои сме ги направиле низ минатото. Но, пред да не облее каењето за него многу е важно да застанеме и освестиме дека:

Ние сме таму каде што треба да сме, ниту понапред ниту поназад.

Оваа реченица е особено важна, за да увидиме дека нашиот живот и тоа каде сме денес не е изолирана серија на одлуки, колку што е сплет на околности со сите работи што ни се случувале и со сето искуство со кое сме располагале за донесување одлуки во даден период од нашиот живот. 

Животната цел низ призмата на сегашноста

Гледајќи на тоа каде сме низ призмата на сегашноста и тука и сега , всушност не позиционира во подобар однос со себе. Па така во сегашноста сме во можност да видиме како се чувствуваме и што може и сакаме да направиме со неа.

Еден друг аспект на исполнетоста со нашето животно дејствување се поврзува и со тоа во што веруваме и како пристапуваме на тоа верување. Ако нашето цврсто убедување започнува со зборовите “никогаш, секогаш” тогаш најверојатно сме многу поназад од тоа каде може да стигнеме. Ваквите зборови и убедувања, фрази, се однесуваат на апсолутни состојби кои не се својствени за човековото живеење. Речиси никогаш не можеме да тврдиме за нешто дека се случува или ќе се случува со таа прецизност, а сепак тие создаваат едно чувство на конечност и очекувања кои дополнително ја отежнуваат целата перцепција за тоа каде сме и каде сакаме да бидеме во однос на нашата животна цел. 

Наоѓањето на својата вистинска животна цел не мора да е грандиозен акт на патување, давање отказ од работа или во облик на огромна пресвртница во животот. Пронаоѓањето на својата цел може да започне со рефлектирање на своите вредности, искуства и насоки кон кои би тргнале за да се оствариме целосно со своите потенцијали. 

The SoulSea | Викторија Бачварова Психолог Психотерапевт, блог за животна цел и самодоверба, психотерапија и личен раст

Пронаоѓањето на тоа што не исполнува е процес

Пронаоѓањето на тоа што не исполнува е процес и патување, а не единечен настан. Тоа значи осознавање и длабока рефлексија на тоа кои сме и што не исполнува, на тоа каде сме и интуиција за тоа на каде сакаме да одиме.

Во тој процес во предвид ги земаме работите во кои сме добри, и тие во кои сакаме да се подобриме. Така градиме јасна слика за работите кои ќе не поддржат во идните дејствија и тие на кои треба да поработиме за да не доближат повеќе до животната цел.

Со цела свесност меѓутоа, гледаме исто така дека не е таа намера еднаква на формула, туку серија на настани, живеење во склад со тоа што сакаме да го постигнеме од ден за ден.

Клучни елементи за да се доближиме до животната цел

  • Разбирање дека животната цел се менува низ годините и во ред е да се менува.
  • Рефлектирање и прифаќање на минатите одлуки како дел од патувањето да стигнеме до местото каде што сме денес.
  • Препознавање на тоа во што сме добри и тоа што не исполнува, како појдовна точка кон која се движиме или сакаме да се движиме.
  • Негување на мајндсетот кој подразбира отвореност за себе и експериментирање за тоа каде сакаме да одиме.
  •  
The SoulSea | Викторија Бачварова Психолог Психотерапевт, блог за животна цел и самодоверба, психотерапија и личен раст

Приближувањето до животната цел се случува само искуствено

Еден од главните начини и единствени можеби за да откриеме дали нешто повеќе не исполнува или помалку е да почнеме да го правиме тоа. Само така би знаеле дали е тоа нешто за нас автентично и исполнително.

Притоа, пронаоѓањето на жовотната цел е тенко поврзана со самодовербата.

Правењето на тоа што не исполнува, со темпото кое го можеме и го прифаќаме само ни потврдува дека правиме нешто добро, а тоа за возраст ни дава чувство на доволност и не исполнува. Самодовербата се гради врз основа на чувството на јаснотија дека имаме напредок, а тој напредок најчесто го чувствуваме затоа што сме исполнети со нештото што го правиме.

The SoulSea | Викторија Бачварова Психолог Психотерапевт, блог за животна цел и самодоверба, психотерапија и личен раст

Начини за развивање на нашата самодоверба во склад со животната цел:

  • Поставете реални очекувања – никој ништо нема направено ако одеднаш ги постави најголемите очекувања во врска со темата. Па така, кога работиме со себе важно е тоа да се реалистични очекувања за нас и нашето темпо и бидување за растот да е природен и утврден, а не насилен и нереален.
  • Акција и преземање дејство, експериментирајте за да може да ви се врати искуствено дека вие оваа работа знаете како да ја правите.
  • Поддршка – барајте и земајте си поддршка за тоа што го правите, макар и мала во текот на денот. Од блиските, од колегите или било кој што ве опкружува, а е поврзано со остварувањето на вашата животна цел.
  • Бидете нежни кон себе – кога сме соочени со предизвици многу е важно често да си простиме ако не сме го направиле “совршениот” чекор или избор, и да се охрабриме дека следен пат ќе пробаме поинаку, поинаку а не подобро е зборот, бидејќи се уште учиме и се градиме.

Како за сите психолошки концепти, така и за животната цел, важно е да сме присутни во тоа што го правиме, да рефлектираме каде сме биле и каде сакаме да одиме, со цела свесност дали тоа не исполнува и е во длабока складност со нашите вредности, перцепција за себе и тоа каде сакаме да бидеме на патот на остварувањето на животот.  

The SoulSea | Викторија Бачварова Психолог Психотерапевт
Прочитај повеќе слични објави

Заследи не на инстаграм за да ги пратиш последните објави поврзани со слични психолошки теми.